13
апр
2021
Млечни земички
Подготовка:
1. Прво, во вангличката го ставаме квасецот, да се активира, со дел од течноста и шеќерот. Потоа во вангличката ги додаваме останатите состојки и замесуваме мазно, меко тесто. Го покриваме и оставаме на топло 45 минути.
2. Потоа од тестото сечеме топчиња со големина по желба, Од секое топче правиме малку долгнавеста форма, која со дршка од дрвена лажица ја притискаме на средината. Вака подготвените земички ги редиме во плех, па ги премачкуваме со жолчка, расфрламе семки од сончоглед,сусам, лен, оригано.
Киснат 20 минути, па ги печеме во загреана рерна, околу 30 минути.
Сервираме топли.
Лиценца: Сите права се задржани