
7
јун
2012
Млечна салата
Компирот се вари и ситно се сецка. Се сецкаат и саламата и краставицата на поситни парченца. Сирењето се дроби со вилушка, а потоа се миксира со павлаката и киселото млеко. Количината на киселото млека сами ќе ја одредите во зависност дали сакате посува или поводеста салата затоа и не наведов колкава чаша. Изматената смеса се истура во сецканите компир, краставица и шунка и убаво се меша. Сол може да се додаде по вкус и тоа е во зависност од соленоста на сирењето. Салатата е доста вкусна и излегува поголема количина затоа е погодна за родендени, слави и др забави.