Мињон торта
Тортите ми се предизвик сакам да пробувам различни вкусови така и дојде ред и на оваа Мињон торта за матурата на ќерка ми. Супер избалансирана комбинација на чоколада лешник, ореви и бадеми завршен со чоколаден ганаш.
1. Постапката е иста за сите три кори пенесто ги матиме белките го додаваме шеќерот повторно матиме да добиеме густа крема на крај ги додаваме оревите во првото тесто. Во второто тесто ги додаваме лешниците и во третото тесто го додаваме какаото и бадемите и на сите три теста додаваме по една лажичка брашно.
2. Секоја кора ја печеме во тава обложена со хартија на 180степени околу 20минути.
3. Во меѓувреме го подготвуваме филот. Жолчките и шеќерот ги матиме на пареа постепено додека со лажица не ни се направи пат да се гледа дното на садот или додека не се згуснат, веднаш го додаваме чоколадото да се растопи и тргаме на страна да се излади. Изладениот фил го соединуваме со матениот путер во филот на крај додаваме мелени лешници.
4. Започнуваме со филување на почеток ја ставаме кората од лешници-фил.кората со какао и бадеми-фил и на крај кората со ореви. Завршуваме со ганаш, слатката павлака ја загреваме на тивок огин додека ни се растопи чоколадото и додека не добиеме убава компакна чоколадна смеса која ја преливаме целата торта. По желба страничниот дел ја украсуваме со слатка павлака.
Наведените мерки се за тавче од 20*33 јас правев дупла доза и ја печев во плех од шпорет. Тортата е најубава доколку ја направите два дена порано и ја ставите во фрижидер. Ова е преубава богата торта се надевам дека ви се допадна и дека ќе се најде на вашите трпези за убави радосни прослави.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Potvrduvam deka e odlicna , samo nejzinata e so po 4 belki sekoe testo
Da e pred mene bez stram ke ti recam seci odma 2 parcinja
a za diploma da napravis duplo pogolema torta, zdravje boze