Квасецот се кисне со лажичка сол, лажичка шеќер и лажичка брашно во млака вода.
Во сад се става брашното и зејтинот и од како ќе стаса квасецот се дотура во брашното.

На страна посебно се пропржува празот.

Се додава водата, замесува тестото и се дели на 3-4 топки.
Топките тесто веднаш се рассукуваат и се тегнат. Врз корите се попрскува со масло, се става празот предходно пропржен и се витка во форма на ролна.
Целата постапка се повторува и со другите топки тесто.
Корите се редат на намрсена тава и се оставаат да стасаат да нараснат околу 30 мин.
Се печат на 200 степени 15 мин па на 150 степени уште 20 мин.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани