Мијачка баница
Состојки
- 1 Квасец
- 1 Лаж. Шеќер
- 1 Лаж. Сол
- 200мл. Млака вода
- 150мл Масло за готвење
- 1-1.200кг брашно
- 3 Страка праз
- масло за попскување и пржење
Подготовка
Квасецот се кисне со лажичка сол, лажичка шеќер и лажичка брашно во млака вода.
Во сад се става брашното и зејтинот и од како ќе стаса квасецот се дотура во брашното.
На страна посебно се пропржува празот.
Се додава водата, замесува тестото и се дели на 3-4 топки.
Топките тесто веднаш се рассукуваат и се тегнат. Врз корите се попрскува со масло, се става празот предходно пропржен и се витка во форма на ролна.
Целата постапка се повторува и со другите топки тесто.
Корите се редат на намрсена тава и се оставаат да стасаат да нараснат околу 30 мин.
Се печат на 200 степени 15 мин па на 150 степени уште 20 мин.
Добар апетит.