2
ное
2016
Мисиркино месо со прилог од басамати ориз
Подготовка
Мисиркиното месо го вариме. Го сечкаме на парчиња по желба и го ставаме на маст да се упржи, на средна температура. Кога убаво ќе се упржи и месото почне да се двои , а и малку зацрвени, го зачинуваме. Морковот и кромидот ги сечкаме и ги упржуваме на масло додека да омекнат. Откако ќе омекнат во нив ставаме една чаша ориз и две чаши вода. На средна температура го оставаме да се свари оризот со повремено промешување. Кога ќе испари водата оризот ќе ни биде сварен. При крајот на варењето го зачинуваме.
Забелешка
Месото го варев во експрес лонец. Како вода во оризот ја ставив течноста во која ми се вареше мисиркиното месо.