
4
авг
2019
Миризлива проја со домати
Прво се лупат 2 домати, се сецкаат на ситно и со малку кисела вода (2 лажици) се блендираат со рачен миксер.
Се матат 2 јајца и 1 лажичка сол. Кон нив се додават измиксираните домати и 1 чаша кисела вода. Се меша со дрвена лажица. Се додава маслиновиот зејтин и двата вида брашно измешани со пецивото и зачините.
Смесата се истура во подмачкан плех со масло и брашно. Се поросува со лен и се пече на 200 степени 25 минути.
Чашите со кои мериме се од 250 милилитри.