Мини фокачи со маслинки, рузмарин и лук (посно)
Мирисни и вкусни мини фокачи, кои се наоѓаат за време на пости, за ужинка или да заменат оброк, а меки, меки....Пробајте ги!
Подготовка
1. Квасецот растворете го со млака вода, лажичка брашно и 1/2 лажичка шеќер и оставете го да се активира. Потоа соединете го со брашното, солта, маслото и замесете тесто со остатокот од млаката вода. Оставете го да се дуплира.
2. Размесете го тестото и поделете го на 12 топчиња. Секое топче сплескајте го малку и ставете го во намрсен со масло калап за мафини. Оставете го да стаса околу 10 минути.
3. Потоа во секое ставете по една маслинка, длабоко вгнездена за да кога ќе стаса тестото при печење не излезе од него. Со дршката од дрвена лажица притиснете го секое тестенце на повеќе места, можете и со прст да направите нежни дупчиња.
4. Со четка премачкајте го со маслиново масло секое топче и наросете лук и рузмарин.
5. Печете во загреана рерна на 220 степени до поруменување.
Откако ќе се испечат повторно премачкајте ги со маслиново масло. Така ќе бидат помеки и помирисни.
Оваа доза е за 12 мини фокачи.
Лиценца: Сите права се задржани
Го пробувам сместа :)