Чили - мини фокачи
Ова прекрасно луто - ПЕПЕРОНЧИНО, маслиново масло ми го донесе мојата драга пријателка Слаѓана, од своето патување во Италија.
Делимично го искористив за прекрасни мини фокации.
Се надевам дека ќе ви се допаднат.
До колку немате луто маслиново масло користете обично маслиново масло и сушени домати.
Во млаката вода се стават шеќерот, квасецот и малку брашно.
Се промешува и нека одстои 5 минути..
Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува тесто понамеко
Се покрива и се остава да кисни 30 минути.
Потоа се дели на 12 топчиња.
се ставаат во калап за мафини.
Киснат 15 минути.
Потоа се премачкуваат со лутото маслиново масло, им се наросува рузмарин, се става по едно чили пиперче и маслинка каламата.
Киснат уште 15 минути и се печат 15 минути на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани