Испечати

Чили - мини фокачи

Чили - мини фокачи

Состојки

  • 15 гр свеж кавасец
  • 150мл млака вода
  • 1/2лажиче сол
  • 1/2лажиче шеќер
  • 2 лажици лут маслинов зејтин ( со чили пиперчиња)
  • 100гр бело брашно
  • 70гр пченично интегрално
  • 70гр хељдино брашно
  • маслинки, чили пиперчиња, рузмарин, луто маслиново масло

Подготовка

Ова прекрасно луто - ПЕПЕРОНЧИНО, маслиново масло ми го донесе мојата драга пријателка Слаѓана, од своето патување во Италија.
Делимично го искористив за прекрасни мини фокации.
Се надевам дека ќе ви се допаднат.
До колку немате луто маслиново масло користете обично маслиново масло и сушени домати.

Во млаката вода се стават шеќерот, квасецот и малку брашно.
Се промешува и нека одстои 5 минути..
Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува тесто понамеко
Се покрива и се остава да кисни 30 минути.
Потоа се дели на 12 топчиња.
се ставаат во калап за мафини.
Киснат 15 минути.
Потоа се премачкуваат со лутото маслиново масло, им се наросува рузмарин, се става по едно чили пиперче и маслинка каламата.
Киснат уште 15 минути и се печат 15 минути на 200 степени.