Мини торта со вишни (без печење)
Лесна, вкусна тортичка без печење!
За подлога
Бисквитите и лешниците измелете ги.
Путерот и чоколадото за готвење растопете ги.
Во мелените бисквити додајте лешници, путер и чоколадо. Измесете смесата.
Ставете во калап за торта.
Оставете во фриждер.
За фил
Желатинот натопете го со 50 мл ладна вода. Оставете го да набабри.
Растопете го желатинот во микробранова.
Урдата измартете ја со слатка павлака, додајте шеќер во прав, ванила, јогурт од вишна и желатин. Во филот додајте 1 рака вишни. Промешајте.
Врз подлога ставете фил и оставете во фриждер на еден час.
Извадете торта од фриждер и наредете одозгора со вишни.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани