За убав почеток на денот ви ги предлагам ови превкусни мини погачки или мини пити, не знаев ни јас како да ги крстам. Како и да е превкусни ни беа...

Подготовка

1. Сите состојки за тестото ги ставаме во еден сад, па замесуваме средно меко тесто кое го оставаме да стаса, да се дуплира.

2. Чадениот свински врат го сечкаме на мали коцки, а празот исто го сечкаме на ситни парченца.

3. Сирењето го рендаме и го соединуваме со јајцата, урдата и празот.

5. Стасаното тесто го размесуваме и го делиме на 9 топчиња.

6. Ја вклучуваме рерната на 200 степени да ни се загрее.

7. Секое топче го развлекуваме со прсти и дланки (може и нежно со сукало) со тоа што од страните да ни биде подебелко, а во средината да биде со дебелина до 5 мм.

8. Во средината премачкуваме од филот, расфрламе на повеќе места од свинскиот врат. Премачкуваме со стопена свинска маст насекаде, а особено по краевите.

9. Наросуваме оригано и ставаме кругови праз па ги печеме додека да сменат боја или околу 15 минути.

Забелешка

Тестото го месев со миксер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани