Миланско рижото
Рижото миланезе или миланско рижото,кремасто,вкусно и едноставно за подготовка.За подготовка на рижото најдобро е да се користи ориз со округло зрно од сортата арборио или карнароли бидејќи од овие сорти се добива лепливо и кремасто рижото,какво што е оригиналното италијанско рижото.
Најпрвин ја подготвуваме зеленчуковата супа односто 2 коцки зеленчукова супа се зоврива со 1 литар вода.На оган го ставаме путерот и маслиновиот зејтин и го запржуваме кромидот ситно исечен.Откако ќе се запржи,се додава и оризот и тој се запржува.Се полева со белото вино и се остава да се динста на тивко.Кога ќе испари виното се полева по малку од супата со повремено мешање.По 10 минути, се додава шафранот и солта.Полеваме од супата постојано и по малку(100 милилтри).Рижотото се динста 20 минути и за тоа време кај мене ја впи целата супа,ама сепак тоа зависи и од врстата на оризот.Имајте подготвено 1 литар ,па ќе видите за 20 минути колку ќе ви прими супа,ама гледајте да не е не помалку од 800 милитри.Пред да го тргнеме рижотото од оганот,додаваме ситно свежо рендан пармезан и мешаме да се добие кремасто рижото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови