Мешан мармалад - Нектарини, кајсии, круши и сливи
Еден префинет вкус на мешано овошје. На прв поглед, како боров мед, но всушност е мешан мармалад.
Да кажам дека по навика овошјето го оставам да отстои 15 минути во вода, па го мијам и средувам.
Сливите измијте ги добро и извадете им ја семката.
Крушите исто така исчистете ги од рачката и семките.
Кајсиите исто така исчистете ги и поделете ги на половинки полесно да се пасираат.
На праските извадете им ја лушпата и семката.
Се на куп изблендирајте добро.
Смесата префрлете ја во сад на оган и кога ќе се доведе до вриење, ставете го шеќерот.Нека поврие уште 20 минути,па додадете го разматениот џем фикс.
Видете ја густината, ако е потечно, не се плашите, кога ќе излади ќе стврдне.
Во рецептата стои и едно чоколадо за готвење, да се стави на крајот. Јас не го ставив чоколадото за да се запази вкусот на овошјето.
Се полни топло, а се чува на ладно и темно место.
На здравје нека е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови