Мешана зимска тава
Во загреано масло го пржиме ситно сецканиот кромид и праз. Откако ќе омекнат добро, се додава меленото месо и миениот ориз. Се пропржува додека месото не зарумени. Се зачинува со мешан зачин и на крај се додава црвениот пипер.
Смесата се трга од загреаната плоча. Во земјена тава се реди дел од преходно исецканата кисела зелка. Врз него се филува дел од смесата која ја приготвивме со месото, потоа ги додаваме ситно сецканите суви пиперки кои претходно сме ги потпекле малку на оган.
Постапката ја повторуваме се додека имаме фил и зелка. На крајот додаваме ловоров лист и полеваме со вода. Попрскуваме со масло и врз тавата редиме парчиња пушена сланина. Тавата ја ставаме да се пече на температура од 150 степени околу 60 минути. На здравје зимскиот ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови