6
фев
2016
Мешавина за домашен пудинг
Со оваа мешавина ќе добиете кремаст чоколаден пудинг и во секое време можете да го имате дома. Се ставаат сите состојки во сад и убаво се мешаат да не останат грутки. Се чува во стаклена тегла убаво затворено и може да стои и до 6 месеци.
Кога ќе посакате да подготвите пудинг додавате 2 чаши млеко и 1 лажица путер(по желба) и 1 чаша од мешавината за пудинг. Мешате со маталка и го ставате на среден оган. Мешате додека не се згусни. По желба можете да додадете неколку коцки чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови