Мешавина за домашен пудинг
Состојки
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша густин
- 1 чаша млеко во прав
- пола чаша квалитетно какао во прав
- За подготовка на пудингот
- 2 чаши млеко
- 1 лажица путер
- Чашата е од 250мл
Подготовка
Со оваа мешавина ќе добиете кремаст чоколаден пудинг и во секое време можете да го имате дома. Се ставаат сите состојки во сад и убаво се мешаат да не останат грутки. Се чува во стаклена тегла убаво затворено и може да стои и до 6 месеци.
Кога ќе посакате да подготвите пудинг додавате 2 чаши млеко и 1 лажица путер(по желба) и 1 чаша од мешавината за пудинг. Мешате со маталка и го ставате на среден оган. Мешате додека не се згусни. По желба можете да додадете неколку коцки чоколадо.