Едноставен колач без печење со арома на мента.
Прво на пареа го ставаме путерот,чоколадата,млекото и чоколадниот крем.Откако ќе се стопи се полеваат мелените бисквити.Се меша се заедно и се става во калап.
Се остава 1 час во фрижидер.

За кремот ја матиме слатката павлака,го додаваме крем сирењето,ликерот од мента и шеќерот во прав.Се заедно се меша.Со овој крем го филуваме колачот.За декорација користиме и чоколаден крем на Винчини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови