Испечати

Мента колач (без печење)

Мента колач (без печење)

Состојки

  • Состојки
  • 300 гр мелени бисквити Винчини
  • 120 гр путер
  • 100 гр темна чоколада со 75 % какао
  • 3 лажици чоколаден крем Винчини
  • 3 лажици млеко
  • 250 мл слатка павлака
  • 250 гр крем сирење
  • 3 лажици ментол ликер
  • 2 лажици шеќер во прав

Подготовка

Едноставен колач без печење со арома на мента.
Прво на пареа го ставаме путерот,чоколадата,млекото и чоколадниот крем.Откако ќе се стопи се полеваат мелените бисквити.Се меша се заедно и се става во калап.
Се остава 1 час во фрижидер.

За кремот ја матиме слатката павлака,го додаваме крем сирењето,ликерот од мента и шеќерот во прав.Се заедно се меша.Со овој крем го филуваме колачот.За декорација користиме и чоколаден крем на Винчини.