Во касерола налеваме вода и додаваме сол.
Ја додаваме тестенината да се вари според упатството.
Во мала тава ставаме маслиново масло, додаваме шери домати, црни маслинки, капари, крем намаз и сецкани зденки.
Зачинуваме, додаваме 2 лажици од течноста каде се вареа фусилите и промешуваме колку состојките да се загрееат и соединат.
Сварената тестенина ја процедуваме и ја сервираме во тајнир во кој има ставаено 3-4 лажици Италијански пица сос, за кој рецепт имате тука.
Врз тестенината го ставаме подготвениот прелив, наросуваме пармезан, додаваме свежи ливчиња босилек и сервираме топло

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани