Меденки
Меденките мене лично ми се едни од омилените слатки од дете, а сега и на моето семејство исто така....од кога го имам овој рецепт редовно ги правам, на сите вас кои ги сакате меденките како мене, топло ви го препорачувам овој рецепт - немаат никаква разлика од оригиналните меденки.
Подготовка -
1. Јајцата и шеќерот ги матиме до побелување (неколку минути)
2. Се додава зејтинот, медот, содата, циметот и ѓумбирот, миксираме да се соединат убаво состојките.
3. На крај го додаваме брашното - постепено.
4. Се рассукува смесата во дебелина од 0,5мм и вадиме форми по желба.
5. Ги редиме во тавче врз хартија за печење.
6. Печеме на 180 степени, 12-15 минути.
Забелешка -
Од оваа доза испаѓаат околу 60 колачиња. Декорацијате не е задолжителна....оставете ги така.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови