Мајмунски леб
Немав можност името на рецептот да го ставам во оргинален наслов, ниту пак да додадам наводници, па затоа ќе си оди вака во буквален превод.
Според мене е еден од највкусните благи лепчиња што ги имам пробано и топло го препорачувам иако бара трпение.
1. Растопете го маргаринот за тестото и стоплете го млекото во посебен сад. Сувите состојки измешајте ги, додадете го маргаринот и постепено со млекото замесете меко тесто. Оставете да стасува околу половина час.
2. На убаво набрашнета маса ставете го тестото и лесно премесете го. Од целото тесто направете околу 70 топчиња. Воопшто не е важно дали ќе ви бидат исти, поубаво изгледа ако имате 2-3 големини на топчињата.
3. Во мало тенџерче растопете го маргаринот со шеќерот и циметот, постојано мешајќи.
4. Земете калап за куглоф и убаво намачкајте го со маргарин.
5. Секое топче тесто ставете го преливот и редете ги во калапот.
6. Преливот што ќе ви остане, истурете го врз тестото. ( ако ви остане )
7. Покријте со стреч фолија и оставете да стасува пак околу 40 минути.
8. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 35-45 минути, во зависност на рерната.
9. Извадете го калапот и ставете поголема чинија врз него. Превртете го во чинијата и оставете така да стои 10-на минути. После тоа сам ќе излезе.
Наздравје!
* Јас после 40-то топче заборавам да бројам, па не можам да ви кажам колку точно треба да имате.
** Количината на циметот е ставена по рецепта, јас ставам секогаш повеќе, вие можете да го прилагодите.
*** Јас во тестото користев бел шеќер, во преливот кафен.
**** Користев сенаменско брашно, ако користете друг вид на брашно можеби ќе треба да ја прилагодите количината.
***** Мој совет е да направите поголеми топчиња од тестото и пред да ги ставате во преливот да кинете парчиња и да правите мали топчиња. Причината за тоа е што процесот трае околу 15 минути приближно, па може тестото да ви фати коричка. Или пак правете ги директно малечки ама постојано сите да се покриени со фолија. На вас останува. И ако ги направите поголеми топчињата и добиете само околу 50 не е никаква грешка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Фала ти. :)
Чекам и твоја слика.
ај, малку помош!
не ми останаа топчиња. се споија (превртува очи) :) :) :) :)
Е сега, околу спојувањето. Можеби има улога тоа што калапот ти бил во форма, јас користев скроз обичен калап ( кружен ) за куглоф. И колку топчиња направи?
пишуваше дека не е битно и не се замарав :)
имам и јас обичен калап, ама ме мрзеше да го мијам :) :) :) :)
ќе те известам како ќе испадне во обичниот калап ;)