Мафини со јагоди
1. Во еден сад се меша брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната, солта и се остава на страна.
2. Рерната се вклучува на средна температура
3. Во поголем сад, се мати јајцата пенесто, се додава шекерот и омекнатиот путер, се мати тоа заедно и на крај се додава кората од лимон.
Во садот се додава брашното со пецивото, солта и сода бикарбона, се мати- па се додава јогуртот, се меша тоа заедно- и на крај се додаваат јагодите.
По подмачкан плех се редат хартиени корпички и во нив со лажичка се става од смесата, малку повеќе од половина.
4. Рерната се вклучува на најака температура, и се ставаат мафини да се печат.
Се печат 25 минути на 220 степени.
5. Можете да ги посипете со прав шеќер, чоколаден прелив, прелив од јагода, во зависност од желбите и вкусот.
Се служат топли, со чај, млеко и слично………...Пријатен апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови