19
окт
2019
Мафини со гриз, сланина и праз
Бидејќи се приготвуваат доста брзо, пред да се почне со работа се вклучува рерната на 180 степени.
Во една чинија го ставаме брашното, гризот, солта, ориганото и пецивото. Промешуваме и го додаваме сирењето и ситно сецканиот праз. Во друга чинија ги ставаме јајцата, млекото, јогуртот, маслиновиот зејтин и матиме со миксер. Кон оваа смеса ја додаваме останатата сува смеса и мешаме со лажица. На крај ја додаваме и ситно сечената сланина. Ги полниме калапите за мафини (претходно премачкани со четкичка со зејтин) до 2/3 висина. Одозгора наросуваме со житни снегулки. Се печат околу 20 минути додека да заруменат.