27
ное
2015
Мафини со пире од јаболка
Растопете го маргаринот во млекото и оставете го малку да подизлади.
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го растопениот маргарин, брашното, нишестето и пецивото.
Наполнете ги калапите за мафини 2/3 со смесата.
Изблендирајте ги јаболката, предходно излупени, во пире. Во зависност од киселоста и желбата за блажина додајте шеќер во прав, а спрема вкус мелен цимет.
Ставете врз секој наполнет калап по една полна лажица од јаболковото пире.
Печете 10 мин во загреана рерна од 220С. Откако ќе изладат, одозгора по желба посипете ги со шеќер во прав измашан со цимет.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
веснич, сум чула а не сум видела како ќе испадни замената со лененото семе за јајцата. ама како ти си испоснички шемирана, можеби ќе дојди денот кога баш ти ќе ни ја прераскажиш таа приказна :)