Количината на цветови, односно ливчиња од цветот на невен, зависи од големината на теглата која ќе ја користите.
2/3 од теглата се полни со ливчиња од цветот на невен и се налева онолку со масло колку истите да бидат добро покриени со маслото. Затворете со капак и оставете да стои 6 недели на светло место.
Теглата протресувајте ја најмалку еднаш на ден.
После 6 недели, процедете го маслото преку крпа и складирајте во чисти и стерилизирани шишенца. Се чува на темно место.

Напомена
Ладно цеденото сончогледово масло содржи многу линолеинска киселина и малку олеинска киселина. Оваа комбинација е соодветна за чувствителна кожа, како и за кожа на бебиња и деца, а исто така дарува и витамин Е.
Маслото можете да го подготвите и со свежи листови од цветот на невен, но пред да ги налеете со маслото, оставете ги на хартија или чиста крпа 1-2 дена да подовенат.
Од ова масло можете да подготвите одлична домашна маст од невен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани