Во длабока тава на оган се запржуваат кромидот и лукот. Додаваме ѓумбир, кари и цимет. Ја налеваме претходно подготвената супа, ги додаваме компирите и ситно сечканиот магдонос или коријандер. Посолуваме и оставаме да се вари на тивок оган. Пред самиот крај ги додаваме сечканите суви кајсии и по 10 минути гулашот е готов.
Во друго тавче на масло кратко ги запржуваме бадемите. Ги сервираме заедно со мароканскиот гулаш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови