Испечати

Марокански гулаш со суви кајсии и бадеми

Марокански гулаш со суви кајсии и бадеми

Состојки

  • 1 црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 5 компири
  • 6 суви кајсии
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • 2 кафени лажички ѓумбир во прав
  • 2 кафени лажички кари
  • 1 кафена лажичка цимет

Подготовка

Во длабока тава на оган се запржуваат кромидот и лукот. Додаваме ѓумбир, кари и цимет. Ја налеваме претходно подготвената супа, ги додаваме компирите и ситно сечканиот магдонос или коријандер. Посолуваме и оставаме да се вари на тивок оган. Пред самиот крај ги додаваме сечканите суви кајсии и по 10 минути гулашот е готов.
Во друго тавче на масло кратко ги запржуваме бадемите. Ги сервираме заедно со мароканскиот гулаш.