Марокански тортиљи
1. Се замесува тесто од 500 гр. брашно, прстофат шеќер, прстофат сол, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка квасец во прав, 1 јајце, 200 мл. вода, 1 лажичка кари, ситно сецкан млад кромид, магдонос, прстофат оригано, маслиново масло (по потреба).
2. Тестото се остава да отстои 30 минути, потоа се дели на мали топчиња кои се развлекуваат со сукало.
3. Тортиљите се печат во тавче премачкано со маслиново масло на потивок оган (на ист начин како што се прават палачинки) и се вртат по неколку пати од двете страни додека не добијат убава боја.
Лиценца: Сите права се задржани