Мармалад од смокви
Дајана која е љубител на слаткастите работи има прекрасни рецепти. И јас велам дека овој мармалд е точно со мирисот и вкусот на медитеранот
1. Смоквите излупете ги, ставете во сад, додајте им го шеќерот и поклопете да стојат најмалку 12 часа во фрижидер промешувајки ги за тоа време барем 3-4 пати.
2. Вака добиената смеса ставете ја во цедилка и одвојте го сокот кој го пуштиле. Овој сок ставете да го варете околу 15 минути, односно се додека не забележите дека е густ како сируп.
3. Во меѓувреме олупете ја кората на лимоните, исцедете го сокот, а во газа семките и остатокот од лимонот заедно со ловоровиот лист врзете ги или затегнете со кујнско ластиче.
4. Кога сокот полека почнал да се карамелизира, додајте ја сега смесата од смоквите, сокот од лимонот и газата со врзаниот лимон, семки и ловоров лист. Варете околу 10 минути, извадете ја газата и добро истискајте ја да содржината која се собрала за време на варењето остане во мармаладот, а најлесно ќе го направите тоа доколку имате преса за стискање на варениот компир за пире.
5. Варете уште 5 минути, тргнете од огнот. Ваша е желбата дали со стапниот миксер ќе го измиксате вака сварениот мармалад или ке го соберете во теглите таков каков што е. Јас го измиксав. Соберете во стерилизирани тегли, свртете ги наопачки, оставете да се подполно оладат.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани