Вкусен мармалад мене ми е фаворит во подготовка на колачи и торти.
Подготовка
Сливите ги миеме и им ја одстрануваме коската со нож. Во сецко измелете ги сливите и ставете ги во длабоко тенџере.
Пред да почнете со варење ставете го шекерот и лимуновиот сок.
Почнете да ги варите на тивок огин со повремено мешање.
Јас ги варев околу еден час, но тоа зависи од количината која ќе подготвувате.
Мармаладот знам да го подготвувам во голема шерпа тогаш го варам околу два часа. Најдобро ќе знаете доколку лажицата остава пат на дното од тенџерето.
На крај од варењето дададете ја чоколадата искршена на коцки, циметот и измешајте. Соберете го мармаладот во мали загреани теглички додека е жежок.
Од оваа количина излегуваат три помали теглички. Тегличките покријте ги со крпа до наредниот ден.
Добар апетит!!!
Во мармаладот ставете доколку сте во можност по квалитетна црна чоколада и по желба една лажичка рум.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани