- Заради добро плакнење на корите лимонот и портокалот ставете ги раствор од вода и сода и нека одстојат околу 20 мин.
- Исцедете ги портокалите и лимоните. Кората или исецкајте или изрендајте на крупната страна на рендето.
- Пулпата која останува при цедењето соберете ја и заврзете во стерилна газа.
- Исецканата (изренданата) кора од цитрусите ставете во длабок тесен сад, залијте со 60 мл. вода.. овде ставете ја и газата со пулпата.
- Одложете во фрижидер да престои преку ноќ (може и истиот ден, но да кората и пулпата одстојат најмалку 3-4 часа.
- Во касерола или експрес лонецот ставете го сокот од цитрусите, додадете корите и газата со пулпата добро исцедете ја. Ставете на оган и нека вари 10-15 мин. поклопено... ( и овде времетраењето на варењето зависи од дебелината на кората). Тргнете од огнот и оставете да олади.
- Во оладената смеса додадете го шеќерот, мешајте со лажица за да се стопи, потоа ставете на оган на повисока температура за да може за пократко време да зоврие. Сега садот е одклопен, одпенувајте и варете до саканата густина.
- Тргнете од огнот и понатаму соберете во тегли. Постапувате со него исто како и со останатите мармали кои ги спремате..
Напомена
- Шеќерот можете и да го намалите, може да користите и обичен бел шеќер, но со кафениот шеќер ми има подобар шмек. Одличен за доручек, за премачкување на колачи, торти...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани