1. Мандарините се мијаат убаво и се ставаат целите во тенџере на оган.
2. Во првата вода се варат 1-2 минути откако започнала да врие водата.
3. Првата вода се истура и постапката се повторува уште 2 пати.
4. Ако е потребно мандарините се доваруваат во четврта вода додека омекнат.
5. Сварените мандарини се оставаат да се пооладат и се сечат на парчиња, ако имаат семки им се отстрануваат.
6.Така подготвени се ставаат во блендер, се додава малку вода за полесно блендирање.
7. Готовата пулпа се става во тенџере на оган и и се додава сокот од лимонот и шеќерот.
6. Се вари на среден оган до добивање на посакуваната густина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови