Манџа со копани и ориз
Копаните ги вариме во посолена вода.
Оризот го плакнеме добро.
Кога се сварени копаните правиме запршка. Кромидот го запржуваме со зејтинот додека малку не зарумени. Го додаваме оризот и го пржиме неколку минути. Ги додаваме сите зачини и лукот и добро промешуваме. Сето тоа го истураме во тенџерето во кое ги варевме копаните. Копаните ги оставаме цели или по желба го раскинуваме месото на парчиња. Зависно од вкусот можете да ставите и повеќе ориз, ако сакате погуста манџа. Проверувајте одвреме навреме да не ви се превари оризот. Ќе ви бидат потребни околу 30 минути.
Кога е сварен оризот ги вадиме чешнињата лук, ги пасираме и ги враќаме во манџата. Се надевам дека ќе ви се допадне оваа моја идеја за брз и вкусен ручек. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани