Манџа со зелка, ориз и чаден бут
Ова е една од манџите што се прави по принципот „се во едно“, брзо, лесно и вкусно.
1. Зелката и кромидот се сечкаат, а морковот се ренда на круното на рендето. Се става 2 чаши вода во тенџере и им се додаваат оризот и бутот исечкан на помали парчиња. Се става биберот, ориганото и сувиот зачин, се покрива со капак целосно и се крчка на средна до пониска температура да трпи капакот, да не префрла.
1. По 20на минути се отвора и се меша, се додава ловорот и пиперот. Пиперот можи да го растворите во малку ладна вода и да го измешате или да го направите како запршка со масло. Доколку не правите запршка, ставете малку масло уште на почетокот на варењето.
Густината одредете си ја сами со количината на вода. Ние ја сакаме густа, затоа и немаше потреба од запршка со брашно, оризот си ја заврши тука таа работа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови