Манго тарт
1. Замесете тесто од брашното, путерот, шеќерот и јајцето. Завиткајте го тестото во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 30тина минути.
2. Во меѓувреме излупете го мангота и исечете ги на коцки. Излупете го ѓумбирот и ситно изрендајте го. Во сад измешајте ги мангота, ѓумбирот, ванилиниот шеќер и сокот од исцедениот лимон. (За поблага варијанта може да додадете шеќер и овде)
3. Расукајте околу 1⁄3 од тестото на набрашнета работна површина во правоаголник (приближно 20 х 27 цм.). Исечете долги ленти со ширина приближно 1 цм и ставете ги во фрижидер уште 30тина минути. Подмачкајте оркугол калап (26 цм.) и забрашнете. Расукајте го остатокот од тестото на набрашнетата површина во кружен облик (приближно 30 цм.). Ставете го тестото во калапот и притиснете ги рабовите. Избоцкајте го тестото неколку пати со вилушка. Врз тестото истурете ја предходно подготвената смеса.
4. Загрејте ја рерната на 180 ° Ц. Наредете ги предходно исечените ленти врз смесата во форма на решетка. Изматете ја жолчката и намачкајте ги лентите со неа. Печете во загреана рерна 30-35 минути на најниска решетка. Извадете ја од рерна и оставете да се олади во калапот околу 30тина минути. Извадете го калапот и поросете со шеќер во прав.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови