Подговотвка:

1. Исечете го мангото на парчиња, исцедете ги лимонот и лиметата (процедете низ цедалка за да нема парчиња), добро изматете со стапчест миксер. Додадете шеќер во пирето од манго (можете да го засладите по ваша желба, задолжително пробајте го пирето и додадете шеќер по вкус), ванилин шеќер и рендана кора од лимон.

2. Во сад изматете ги јајцата и потоа додадете го пирето од манго. Ставете на пареа. Гответе, мешајќи, додека не се згуснe. Во просек, потребни се 15-20 мин.

3. Исечете го путерот на 4 коцки. Додадете една коцка, извадете го садот од пареата и мешајте додека не се стопи путерот. Вратете се на пареа и мешајте уште неколку минути, а потоа додадете ја другата коцка путер и повторете ја постапката додека не се потрошат сите коцки.
4. Откако ќе ја стопите последната коцка путер, вратете се на пареата, мешајќи постојано уште некоја минута. На крај соберете во тегличка и веднаш затворете за да не се формира кора.

Овој крем може да се користи како полнење за пити, торти, сладоледи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани