Едноставен и брз рецепт за подготовка на превкусни грклани.

Калапчињата за гркланите се завиткуваат со хартија за печење.

Во едно пакување на лиснато тесто има 2 плочки кои треба убаво да се одмрзнат пред да се расукаат на големина од 20х40см.
Рерната се вклучува на 180-200 степени.

Од секоја плочка се сечат 10 ленти широки 2 см - значи од двете плочки се добиваат вкупно 20 парчиња.
Секое парче се витка спирално околу калапчето и се става во плех покриен со хартија за печење.
Гркланите се печат 15-20 мин. и печени веднаш се вадат од калапите и се оставаат да се изладат.

Пудинзите, густинот и шеќерот се варат во млекото. Кремот се остава да се излади. Павлаката се мати убаво и се меша со кремот.
Гркалните се полнат и се посипуваат со шеќер во прав или растопено чоколадо.

Уживајте...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови