Tестенини со тиквичка, пршута и маслинки
Ако сакате да приготвите за кратко време вкусен ручек, а сепак тоа да не се класични тестенини, ви го препорачувам овој рецепт.
Најпрвин ги сечеме тиквичките на ленти со должина од 3 сантиметри, ги посолуваме и оставаме да одстојат малку.
Се ставаат тестенините во солена зовриена вода и треба да вријат неколку минути.
За тоа време на зејтин ги запржуваме тиквичките. Ја додаваме пршутата исечена на тенки парчиња. Го додаваме и лукот исечен на ситно. Кон ова ги додаваме доматите, излупени и исечени на коцки. Посолуваме, додаваме босилок и оригано и на крај ги додаваме и сечените црни маслинки. Во овој сос ги додаваме и исцедените тестенини, во овој случај макарони, мешаме и на крај посолуваме со пармезан и со ситно сечен босилок.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови