Испечати

Tестенини со тиквичка, пршута и маслинки

Tестенини со тиквичка, пршута и маслинки

Состојки

  • Состојки
  • 500 гр макарони или други тестенини
  • 300 гр тиквички или 2 помали
  • 100 гр пршута
  • 2 чешниња лук
  • 400 гр домати
  • 50 гр црни маслинки
  • 100 гр рендан пармезан
  • Потребно е уште сол,босилок,оригано

Подготовка

Ако сакате да приготвите за кратко време вкусен ручек, а сепак тоа да не се класични тестенини, ви го препорачувам овој рецепт.
Најпрвин ги сечеме тиквичките на ленти со должина од 3 сантиметри, ги посолуваме и оставаме да одстојат малку.
Се ставаат тестенините во солена зовриена вода и треба да вријат неколку минути.
За тоа време на зејтин ги запржуваме тиквичките. Ја додаваме пршутата исечена на тенки парчиња. Го додаваме и лукот исечен на ситно. Кон ова ги додаваме доматите, излупени и исечени на коцки. Посолуваме, додаваме босилок и оригано и на крај ги додаваме и сечените црни маслинки. Во овој сос ги додаваме и исцедените тестенини, во овој случај макарони, мешаме и на крај посолуваме со пармезан и со ситно сечен босилок.
На здравје.