27
дек
2013
Макарони со сос од моркови
Ставете ги макароните да се варат во поголема количина солена вода.
Во тава на оган ставете го маслото да се загрее.
Додајте го ренданиот морков и ренданиот кромид.
Кратко пропржете и налејте малку од водата во која се варат макароните.
Оставете да се динстаат додека омекнат.
Откако водата ќе испари пропржете ги уште малку и додајте ја доматната салса и сецканото лукче.
Посолете, наросете бибер и додајте го чилито.
Оставете го сосот уште малку на оган да прокрчка, потоа тргнете го од оган и додајте ги сварените макарони.
Измешајте убаво и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани