Прекрасен спој на тестенини и сос од мелено месо.
Еден поинаков начин на подготовка на макарони.
Половина кеса или 250 гр макарони се варат во посолена вода во која ставивме и масло.
Се варат, па ги цедиме од водата кога се варени.
На страна го пржиме кромидот на масло, а откако ќе добие стаклеста боја се додава морковот кој го изрендавме претходно.
Го додаваме и меленото месо, па пржиме добро додека не се испржи месото.
Додаваме доматно пире.
Зачинуваме, посолуваме и додаваме бело вино,па оставаме да динста околу 5 до 6 минути.
Макароните кои претходно ги исцедивме од водата во која се вареа, ги префрламе во сад премачкан со путер.
Го додаваме сосот во тавата и мешаме да се соединат.
Рендаме кашкавал или пармезан по вкус.Затвараме во загреана рерна уште 5 до 7минути.
На здравје.

Забелешка

Можете да додадете и печурки ако сакате.
Јас морав да одвојам од смесата без кашкавал, за едната ќерка,па потоа да допечам со кашкавал за другата ќерка. Рецептата е таа, а вие по желба додавајте и одземајте состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови