Подготовка
1. Наутот се остава од вечер до утредента да кисне во вода. Потоа го вариме околу 25 минути. Го оставаме да излади.
2. Кромидот заедно со кимот ги ставаме во машинка за кафе или нутрибулет фино да се сомелат.
3. На авокадото му ја вадиме семката и го лупиме. Исечкано на ситни парченца го ставаме заедно со наутот, маслиново масло и сок од лимон да се блендира. Ако е многу суво додаваме многу малку водичка во која се варел наутот.
4. Ги додаваме зачините, промешуваме и го оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите.

Забелешка
Варев поголема количина на наут па дозата која ја употребив во овој рецепт беше 250 гр сварен наут. Прилагодете си ги зачините според ваш вкус и желба.
Од мелениот кромид со ким не ја ставив целата количина, туку гледав да го задоволи мојот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани