Макало со наут и авокадо
Состојки
- 250 гр сварен наут
- 1 авокадо
- 2 лажици сушен кромид
- 1/2 лажичка ким
- 2 лажици маслиново масло
- сок од 1/2 лимон
- сол по вкус
- прстофат копар
- малку бибер
Подготовка
Подготовка
Наутот се остава од вечер да кисне во вода. Потоа го вариме околу 25 минути. Го оставаме да излади. Кромидот заедно со кимот ги ставаме во машинка за кафе или нутрибулет фино да се сомелат.На авокадото му ја вадиме семката и го лупиме. Исечкано на ситни парченца го ставаме заедно со наутот, маслиново масло и сок од лимон да се блендира. Ако е многу суво додаваме многу малку водичка во која се варел наутот. Ги додаваме зачините, промешуваме и го оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите.
Забелешка
Варев поголема количина на наут па дозата која ја употребив во овој рецепт беше 250 гр сварен наут. Прилагодете си ги зачините според ваш вкус и желба