Подготовка
Морам да признаам дека ова е јадење многу често го правиме кај нас, особено за викенд, кога може да се јади лук :))).
Претходно сварениот грав го оставаме да олади, односно го цедиме од водата, ни требаат само зрната. Испечените и оладени пиперки ги сецкаме и ги пржеме во време масло. Откако ќе се добро испржени, додава зачини, тоа е се по желба и едно лажиче кафено киселина. Зрната грав ги толчиме и жешките пиперки ги додаваме во садот. Потоа додаваме и сецкан лук, зависно од вкусот може да си додавате повеќе или помалку, додаваме сецкан магдонос.
Ова јадење за мене е незаменливо во комбинација со убаво сиренце.