И магијата излезе успешна...
Одамна сакам да направам ваков паметен или магичен колач кој самиот додека се пече ги формира слоевите. Ја одбрав оваа едноставна и освежителна варијанта со лимон и баш да ви кажам ме воодушеви и со изгледот и со вкусот.

Подготовка
1. Најпрво ја вклучуваме рерната на 180 степени да ни се загрее. Ги двоиме жолчките од белките.
2. Белките ги матиме со миксер да ни побелат и се направат како снег.
3. Жолчките ги матиме со путерот, шеќерот, ванила екстрактот до соединување, па ја додаваме ренданата кора од лимон, а може и се заедно. Постепено ги додаваме брашното и млекото.
4. Откако сме ја соединиле смесата со жолчки ги додаваме белките и двете смеси ги соединуваме со помош на шпатула.
5. Во намрсено тавче со димензии 27х27 см или на пекарска хартија ја истураме целата смеса и печеме од 60 до 80 минути.
6. Го вадиме тавчето од рерна и го оставаме да олади. Откако ќе се излади го сечеме, декорираме и сервираме.

Забелешка
Пред да започнеме со подготовка путерот треба да ни е на собна температура, веќе омекнат.
Белките може да ги изматите откако ќе ги соедините сите состојки во жолчките, оставам на вас да се организирате, мене ми беше ’се измерено изрендано, па затоа прво ги изматив нив.
Со кора од два лимони се добива баш интензивен вкус на лимон, затоа ако сакате пробајте со кора од еден лимон, ќе има онака баш пријатен, а не доминантен вкус.
Лимонот пред да го рендате нека стои потопен во вода во која сме раствориле сода бикарбона. Јас знам да ја истријам убаво кората со сода бикарбона па потоа да го оставам да отстои во таков раствор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани