Козервиран лозов лист
Лозовиот лист често се употребува за сарма и ова е еден од начините за негово конзервирање.
Се собираат млади не прскани листови од лозница и се мијат убаво. Од како ќе се исцедат се мотаат по десет во снопче и се редат во тегла.
Обично во една тегла се ставаат 4-5 снопчиња. Над листовите се посипува една лажица сол и една лажица оцет.
Теглата се дополнува со вода и се става во поголем сад наполнет со вода. Садот-лонецот се загрева до степен на вриење и од како ќе зоврие се остава да врие 15 минути.
По 15 минути лонецот се трга од оган, теглите се оставаат во него додека сосема се оладат, а потоа се редат со другата зимница. Вака подготвен лозовиот лист ми е најсигурен, а и ја задржува киселоста.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела