Како прво маргаринот се вади на собна температура неколку часа пред да се почне со подготовка на кифлите.
Од сите состојки замесуваме тесто. Тестото треба да е средно меко. Ако е потребно, се додава брашно. Тестото без да стасува се дели на 12 топчиња.
Од секое топче се расукува кора со дијаметар од околу 25 сантиметри. Врз кората се мачка од омекнатиот маргарин. Секое топче се расукува ,се премачкува со маргарин и се става врз претходната кора.На најгорната кора не се става од маргаринот.
Значи се добива еден катмер кој веднаш се расукува во голема кора (дијаметар околу 50 сантиметри).
Се сече добиената кора за да се добијат 32 триаголници. Од секој триаголник се замотува кифла. Кифлите ги редиме на хартија за печење.Одозгора се премачкуват со 1 жолчка разматена со 1 лажица зејтин. Врз ова се наросува сусам.
Вака приготвените кифли се оставаат да стојат и да стасаат во ладна просторија околу 1 и пол час. Се печат во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути.
Да напоменам дека чашите со кои се мери се од 250 милилитри.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови