Лиснати кифли
Состојки
- 600гр брашно
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- 2 јајца
- 1 паковка сув квасец
- 200мл млеко
- 200мл јогурт
- 125 гр путер
- 150гр сусам
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Многу рецепти за лиснато тесто.
Имав објавено со различни состојки, но на сличен начин.
Еве го и овој начин.
Во сад во топло млеко го раствараме квасецот и шеќерот.
Додаваме брашно, јогурт, јајца, посолуваме.
Месиме убаво тесто кое веднаш го делиме на десет дела.
Оставаме 10 минутки да постојат покриени со најлонска фолија.
Потоа секоја топка ја расукуваме на иста големина и ја премачкуваме со
растопен путер.
Така ги редиме едно врз друго, но на најгорниот дел не ставаме путер.
Покриваме и оставаме уште 15 минути на работната маса.
Со голема сукалка растегнуваме кора.
Ја делиме на четвртинки, па на осминки и ќе видите колкави парчиња ќе ви испаднат. Ако се големи поделете ги уште на по еднаш.
Завиткајте ги од широкиот до најтесниот дел и ставете ги во тавата каде ќе се печат. Премачкајте ги и посипете сусам.
Оставете ги да одморат еден час на собна температура.
Печете ги во загреана рерна на 180степени.
Штом заруменат вадете ги. Покријте ги и оставете да одморат во тавата, па вадете.
На здравје со преубавото лиснато тесто.