Во подлабок сад,ставете го млекото,шеќерот,осумте лажици брашно и квасецот.Добро измешајте,покријте и оставете на топло се додека не надојде.
Додајте го маслото,солта и четирите јајца.Месете и додавајте од брашното се додека не добиете меко тесто.
Доколку се прават кифли со,за нас добро позната,традиционална форма,тестото се дели на 10 до 12 еднакви делови.Секој дел пак се дели на 4 дела.Значи се исукуваат 4 кори од кои трите се премачкуваат со маргарин,се сучи една кора која исто така се премачкува со маргарин и се сечи на 8 дела.
Доколку пак се прават куфли со калап,од тестото се расукува кора,се премачкува со маргарин,се преклопува неколку пати и повторно се расукува во кора со дебелина од околу 5 мм.
Кифлите се редат на предходно намастен плех,се премачкуваат со јајце и се наросуваат со сусам или мак и се оставаат да надојдат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови